歌词
Се плашам, ти не го знаеш ова
Јас не сум 'ко тебе, се препознав себе
Дали е чудна среќа?
На глава црна вреќа?
Ова веќе не е слатко, полудувам!
И сега веќе нема кој да зборува
И сега веќе нема кој да пробува
И сега веќе мирна ми е совеста
Кога знам дека не ме познаваш
Не постојам
Се плашам, ти не го сфаќаш ова
Тоа што може да биде, дали го виде?
Или само детска желба, во воздух слепа стрелба
Ме влечеш и ме туркаш, ме отуѓи!
И сега веќе нема кој да зборува
И сега веќе нема кој да пробува
И сега веќе мирна ми е совеста
Победа врз болеста
Победа на доблеста
И сега не ни памтиш која си
Заборави, заборави на се'