Date
Thursday 4 October 2007 at 9:00pm
Location
Castro
Skopje,
Macedonia
Description
KNUT е тежок и рокачки бенд од Женева, Швајцарија. Свират монструозна фузија од метал и хардкор со пулсирачка динамика. Снимаат од `94, и на почетокот се одликуваат со абразивен звук и сирова енергија. До `00 имаат неколку синглови, сплит изданија, и еден албум. 2001 се задомуваат со HYDRA HEAD RECORDS, која важи за една од најквалитетните етикети за екстремна музика; предводена од Арон Тарнер (ISIS), HYDRA HEAD стои позади изданија од BOTCH, CONVERGE, NEUROSIS, CULT OF LUNA, и ред други бендови кои ги виткаат поимите за тешка музика. Низ огромното искуство со живи настапи, КНУТ ја имаат делено бината со MOTORHEAD, NILE, OPETH, и ISIS меѓу другите, што е доказ за еклектичноста на нивниот звук.
Последниот албум “terraformer”, се фокусира на звук од тектонски размери, кој на моменти се прелева во амбиентални пејсажи, црпејќи енергија од мрачната страна.
Набиени, апстрактни, и предизвикувачки. MONNO отскокнуваат од легијата следбеници на THROBBING GRISTLE и WHITEHOUSE. Искусно и импресивно емитуваат екстремни бучни фреквенции, но позади шок ефектот на овие обземачки сонични вртлози се мелодии кои повикуваат на брутален транс. Во релативно кратката кариера, МОННО имаат делено бина со ISIS, JESU, MARDUK, MELT BANANA…
Музиката на BILL SKINS FIFTH не подлегнува на жанровски стереотипови. Песните се карактеризираат со свежи аранжмани и непредвидливи структури. Постариот материјал се основаше на виртуозно, биполарно музицираље, додека насоката во која се движат BSF е поимпулсивна и права, набивајќи на интензитет. Несомнено еден од највозбудливите македонски бендови.
Звучен еквивалент на спуштање од хероин со две скршени нозе. Пештерски, црн метал. ПОТОП.
04.10 (четврток)// 21:00 // клуб КАСТРО // 200 денари
Line-up (4)
Don't want to see ads? Upgrade Now